Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Нова провокација од Ахмети: Нема изјава на македонски, читајте ги транскриптите

Бараат да се почитува албанскиот, а го газат македонскиот јазик. Во најновата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бараат да се почитува албанскиот, а го газат македонскиот јазик. Во најновата серија скандали, закани и провокации од Али Ахмети, лидерот на ДУИ уште еднаш ја покажа својата одбивност кон официјалниот јазик на земјава – македонскиот.

На денешниот протест пред Уставниот суд, додека внатре траеше седницата за оспорениот Закон за јазици, Ахмети реши да зборува исклучиво на албански, без ниту најмала намера да ги уважи македонските медиуми и јавност. За целото негово обраќање не беше обезбеден никаков превод, иако тоа е законска обврска. Новинарите и целата македонска јавност беше сведок на скандалозниот игнорантски однос на Ахмети, кога одби да прозбори на македонски – официјланиот јазик во Македонија и мајчиниот јазик на околу 80 проценти од населението. Јазикот на државата во која повеќе од 20 години е функционер и од која зема пари.

Новинарите: „Ако може ова на македонски. А превод?“ – Ахмети замина.

Реклама

Портпаролот на партијата Бујар Османи, се истрча во одбрана на неговиот лидер и само ги извести новинарите во текот на денот ќе добијат транскрип од неговата изјава.

„Ова го одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети на албански јазик. Во текот на денот ќе добиете транскрипт“, рече портпаролот Османи.

Новинарите: „Но ова е важно, може да го каже на македонски јазик?

Османи повтори: „Ќе добиете транскрипт.“

Ахмети ретко говори македонски, иако го знае, но вообичаено кога дава изјава на албански некои од партиските функционери го преведуваат. Често тоа го правеше Артан Груби, кој пак сега откако се најде на америнската црна листа не присуствуваше на протестот. Останува нејасно дали немаше превод заради осуството на Груби или затоа што Ахмети намерно Сакаше да ги испровоцира македонските новинари.