Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Нова прогноза на пофесор Трајковски- на 10 август вкупно 12.100 заразени

Универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски денеска пресмета нови црни статистики, според вкупниот…

Сподели:

Универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски денеска пресмета нови црни статистики, според вкупниот број на заболени од Ковид- 19, но со намалување на бројот од активни случаи. Тој пред половина месец прогнозираше дека денеска вкупниот број на заболени ќе достигне средна вредност од 9. 900 лица и прогнозата целосно се оствари. Сега, неговите статистички анализи ги помести за 15 дена.

  • Заклучно со 10 август, прогнозата на вкупниот број на дијагностицирани е од 10.900 до 12. 100, со средна вредност 11. 500 вкупно заразени. Што се однесува до бројот на активните случаи, таму исто така, се очекува намалување на бројот и се надеваме дека на 10 август ќе падне на 3. 200- 3. 600 активни случаи- рече д-р Трајковски.

Битолскиот професор смета дека имаме нереално висок број на активни случаи заради пролонгирањето на времетраењето, од отворањето до затворањето на случаите кое изнесува 29 дена, што е невидено и во светски рамки. Тој се залага за воведување построги мерки и го посочува примерот со Шпанија, која е светска велесила во туризмот и од денеска во Каталонија воведе повеќе ограничувачки мерки.

  • Шпанија денеска се наоѓа онаму каде што ние се наоѓавме на 4 јуни. На тој ден ние имавме 140 починати и 2. 500 вкупно дијагностицирани. Денеска имаме 9. 900 вкупно дијагностицирани и 450 починати и гледаме како да е сето тоа нормално и нема никаква намера за ограничување- рече битолскиот професор.

Рестрикциите се мерка без алтернатиива во сосечувањето на негативните состојби, вели  Трајковски.

Реклама
  • Како најефикасна мерка би го предложил четиридневното заклучување lock down за Илинден. Тоа е со минимален импакт врз економијата и нема тие 4 дена да ја закочат. Ние видовме, според мене, непотребно за изборите потрошивме еден работен ден и никому ништо. Но, кога се работи за јавното здравје тој еден ден многу би значел. Значи, кога би направиле заклучување, вторникот после Илинден би виделе бројка од најмногу 40 новозаразени- рече Трајковски.

Професорот Трајковски со поставените математички модели и алгоритми, во статистичките анализи ги погоди- денот на првиот пик,  бројот на смртност,   бројот на вкупно заболени во одредени периоди од Ковид- 19, како и вредноста на базичниот репродукциски број. Тој смета дека во наредните периоди,  неопходно ќе биде секој месец воведување по неколкудневен lock down.,

Петар Стефановски