Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Нова пожарна станица, реконструкција на киното „Милениум“ и на планетариумот – дел од ребалансот на буџетот на Град Скопје

Советниците во Советот на Град Скопје, на денешната 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за предлог-изменувањето и дополнувањето на буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците во Советот на Град Скопје, на денешната 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за предлог-изменувањето и дополнувањето на буџетот на Град Скопје за 2026 година.

Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Посебен акцент се става на реализацијата на проектите од областа на културата, како што се реконструкцијата на киното „Милениум“, обновата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ и реконструкцијата на планетариумот во МКЦ, проекти од особено значење за градот во пресрет на 2028 година кога Скопје ќе ја носи титулата европска престолнина на културата.

Пред советниците, меѓу другото, денеска ќе се најде и предлог-планот за изменување и дополнување на планот на програмите за развој за периодот 2026 – 2028 година, според кој се одобруваат средства за изградба на нова противпожарна станица за Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Со изградбата на новиот објект се очекува зголемување на брзината на реакција на пожарникарите за технички интервенции, спасување човечки животи и ефикасна заштита од пожари во урбана средина и на отворен простор.