Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Нова кривична пријава за екс-градоначалникот на Лозово Ацо Велковски

Eкс градоначалникот на Лозово Ацо Велковски се соочува со нова кривична откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Eкс градоначалникот на Лозово Ацо Велковски се соочува со нова кривична откако беше осуден на затворска казна од 1 година и шест месеци – бидејќи платил за 381 метар квадратен бекатон плочки, а пешачката патека била многу помала.

Пријава има и за уште двајца скопјани. Тројцата се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле буџетот за повеќе од 200 илјади денари.

Пријавени се:

Реклама

– А.В. (48) од Лозово, во својство на поранешен градоначалник,

– Т.Г. (51) од Скопје, назначен како управител на градбата,

– Л.Л. (68) од Скопје, кој бил ангажиран како надзорен орган на проектот.

Во ноември 2018 година, тогашниот градоначалник  донел одлука за јавна набавка за изградба на пешачка патека во Лозово. Најповолна понуда дало правно лице од село Студеничани, кое го назначило Т.Г. како управител на градбата, информираа од МВР.

Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. На документите потпис ставиле второпријавениот и третопријавениот. Велковски иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени парите.

Вкупната вредност на фиктивно извршените работи изнесувала 205.800 денари, кои, иако знаел дека не се реално изработени, А.В дозволил да бидат исплатени – со што директно ја оштетил општинската каса, велат од МВР.

Ова не е прв скандал кој се поврзува со Велковски. Тој неодмана беше осуден на казна затвор во траење од година и шест месеци за „несовесно работење во службата“ и оштетување на буџетот на локалната власт. Судот на 4 март годинава одлучи покрај затворската казна, да плати повеќе од два милиони денари, како оштета на општината.

Исто така, неговото име беше спомнувано во случаи на мобинг и насилство врз вработени во општината и во основното училиште во Лозово.