Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Нов скандал: Невладина организација што работи профитабилно на владиниот список за уште пари

Здружение кое работи со профит побарало пари од Владата за проект поврзан…

Сподели:

Здружение кое работи со профит побарало пари од Владата за проект поврзан со Корона кризата. На вакво сознание наишле членовите на Антикорупциска кои сега ќе „чешлаат“ дали сите невладини организации кои добија дел од буџетскиот колач ги исполнуваат условите.

„При самото разгледување на предметот видовме дека некои официјални службени лица се потписници на сметката на одредено граѓанско здружение, а исто така сретнавме и дека граѓанско здружение кое што работи профитабилно е дел од оваа владина одлука. Тоа ни создаде одредени ризици и решивме да ја погледаме целата постапка“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Во меѓувреме, предметот кој беше отворен за незаконското финансирање на невладините здруженија во ек на политичка кампања, бил поништен од Управниот суд. Од ДКСК велат, распределбата на парите сепак била противзаконска оти се случила во време кога, според Изборниот законик, биле забранети исплати од државната каса.

Реклама

„Бидејќи сметавме дека не се работи за итност за исплата на овие средства, го прифативме и приговорот на подносителот. Но, генералниот секретар на Владата поднесе тужба до Управниот суд и Управниот суд ја прифати тужбата со образложение дека требало целиот предмет да се гледа во целина и дека се работи за одлука која што ја донела Владата кога овие членови што сеоднесуваат на забраните биле тргнати од важност“, вели Ивановска.

Од Владата пак појаснуваат дека финансиска помош добиле вкупно 39 здруженија, а рокот за исполнување на проектите е 2 до 6 месеци. Сите ќе мора да поднесат финансиски извештај до Владата кон крајот на годинава или почетокот на следната.

Меѓу здруженијата кои добиле субвенции, има и такви кои веќе и јавно покажаа што работат. На пример, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, со месеци наназад работи на изработка на 3Д визири за здравствените работници. И здружението за борба против рак „Борка“, веќе имаа јавен настап на кој говореа за предизвиците со кои пациентите со канцер се соочуваат во ек на пандемија. И од еколошкото здружение „Го Грин“ велат оти проектот со кој аплицирале, „Растеме заедно“ веќе стартувал меѓу собирачите на секундарни суровини преку алтернативни решенија за нивна вклученост во формалната економија. На почеток била и анализата на Институтот за економски истражувања „Фајнанс Тинк“, кои треба да ги оценат ефектите на корона кризата врз сиромаштијата.

Финансиска помош за проекти поврзани со корона вирусот добиле и помалку познати здруженија од Радовиш, Гостивар, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Делчево, две здруженија од Куманово и пет од Тетово.

Биљана Божиновска