Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Нов систем за побрза реакција при трагедии – Македонија доби Национален план за справување со масовни жртви

Македонија за првпат доби Национален план за справување со масовни жртви –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија за првпат доби Национален план за справување со масовни жртви – документ што треба да овозможи побрза, поорганизирана и координирана реакција на институциите кога во краток рок има голем број повредени и загинати. Планот е усвоен на владина седница на 10 март по предлог на Министерството за здравство, а беше презентиран на меѓународната конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека документот е системски одговор на трагичните искуства од Ласкарци, модуларната болница во Тетово, автобуската трагедија во Бугарија и пожарот во Кочани.

„Вчера имавме настан ,конференција на која беа присутни многу ексерти од земјата и надвор од земјата, кои беа дел од тој екосистем пред една година кои помагаа со стручните тимови. Споредлија информации и искуства од другите земји , но и ние ја споделивме научената лекција која ни се случи пред една година, затоа еве за прв пат како држава , веќе вчера ја објавивме националната стратегија за справување со масовни жртви која како доукмент е за прв пат направен во нашата држава . Според тој документ понатаму ќе имаме план со кој ќе направиме нашите институции, нашиот систем да биде спремен за да може во реално време и брзо да делува кога ќе има потреба од таков тип на делување.“ – рече Алиу.

Реклама

Планот за првпат дефинира кој што прави кога бројот на повредени ги надминува редовните капацитети на здравствениот систем, при кризни ситуации како сообраќајни несреќи, пожари, природни катастрофи или индустриски инциденти.

Одговорот е организиран на три нивоа: стратегиско – со кризно управување и координација на институциите; болничко – со организација на прием и третман на повредени; и предболничко – со теренска тријажа, итна помош, евакуација и транспорт.

Целта е намалување на смртноста, зголемување на преживувањето и подобра институционална координација. Планот е изработен со поддршка на Светската здравствена организација и усогласен со препораките на НАТО, а во подготовката биле вклучени повеќе институции и служби.

На конференцијата беше претставен и првиот национален протокол за изгореници, со стандарди за проценка, тријажа, транспорт, лекување и рехабилитација на пациентите.

Надлежните најавуваат дека неговата примена ќе се реализира преку обуки и симулациски вежби, со цел државата во иднина побрзо и поефикасно да реагира кога секоја минута значи спасен живот.