Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Економија

Нов маркет на „Лидл“ ќе се гради во Гази Баба

Германската компанија „Лидл“ продолжува со изградба на маркети низ земјава. Нов маркет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германската компанија „Лидл“ продолжува со изградба на маркети низ земјава. Нов маркет ќе биде изграден во скопската населба Гази Баба на улицата „Благоја Стефковски“.

Новиот продажен објект ќе се протега на површина од околу 2.500 квадратни метри од кои приближно 1.500 квадратни метри ќе бидат продажен простор. Предвидени се околу 130 паркинг места. 

Објектот ќе биде изграден според современи стандарди за енергетска ефикасност, функционалност и одржливост, а ќе бидат надминати и оние 20 проценти зеленило кое инвеститорите мораат да го запазат согласно закон. 

Реклама

– При изградбата на маркетот ќе се води грижа за зачувување на зеленилото. За отстранетите 15 стебла ќе засадиме 32 нови садници, а ќе бидат зачувани повеќе од 200 стебла кои се веќе во рамки на градежната парцела. Маркетот ќе има дворно зеленило од 3636 квадратни. Оваа површина ги надминува законско обврзувачките 20 проценти зеленило кое еден инвеститор мора да ги реализира при градење на објектот, рече Гоце Гаврилов, директор за недвижности во Лидл Северна Македонија на денешното поставување на камен-темелникот.

Со изградбата на новиот продажен објект, како што посочи Гаврилов, Лидл ја зајакнува својата продажна мрежа и ја унапредува поврзаноста со локалната заедница.

– Со оваа инвестиција создаваме нови работни места и можности за соработка со локалните компании како во процесот на изградба на маркетот, така и во процесот на снабдување со производи. Соработката со македонските производители постојано се интензивира и драго ми е што минатата година извозот на македонски производи преку мрежата на Лидл достигна 15,5 милиони евра во споредба со 5 милиони евра во 2024 година и 500 илјади евра реализирани во 2023 година, рече Гаврилов.

Според градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, изградбата на маркетот е показател дека општината се развива во атрактивна и перспективна деловна средина способна да одговори на стандардите и очекувањата на глобален бренд каков што е Лидл. 

– Како локална самоуправа континуирано работиме на создавање поволна бизнис клима и привлекување на реномирани компании. Оваа инвестиција ќе донесе нови вработувања, поголем избор и воопшто дополнителна вредност за жителите на општината, рече Стефковски.

Лидл е дек од групацијата Schwarz Group и е еден од водечките трговски ланци за храна во Европа. Компанијата има 12.600 маркети во 31 држава и има над 382.000 вработени. Минатата година извозот на македонски производи преку мрежата на Лидл достигна 15,5 милиони евра, а се очекува овие бројки во иднина да растат.