Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Нов импулс за соработка: Собраниска делегација на средби во Хрватскиот сабор

На вториот ден од студиската посета, делегацијата од Собранието составена од пратеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На вториот ден од студиската посета, делегацијата од Собранието составена од пратеници – членови на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, како и претставници од собраниската служба, оствари повеќе средби во Хрватскиот сабор.

Во рамки на посетата, како што соопшти собраниската прес-служба, се одржа средба со потпретседателката на Хрватскиот сабор, Сабина Гласовац, на која се разговараше за актуелни парламентарни прашања и зајакнување на меѓусебната соработка.

Потоа делегацијата остварила средба со генералниот секретар на Саборот, Давор Орловиќ, како и со шефот на Кабинетот на претседателот на Саборот, Матеј Бречиќ, при што биле разменети искуства за организацијата и функционирањето на парламентарните служби.

Реклама

Средбата со Јелена Милош, претседателка на Комитетот за европски прашања и претседателка на Меѓупарламентарната група за пријателство Хрватска – Македонија, била посветена на дискусија за позицијата на државата пред и по членството во Европската Унија, како и за предизвиците и придобивките од евроинтегративниот процес.

Во продолжение, биле разгледани прашања поврзани со функционирањето на парламентарните служби, институционалната координација и размената на релевантни искуства во текот на процесот на европска интеграција.

Во насока на зајакнување на меѓупарламентарната соработка, делегацијата остварила средба и со Кристина Икиќ-Баничек, претседателка на Комисијата за меѓупарламентарна соработка, при што била потенцирана важноста од продлабочување на партнерските односи меѓу двата парламента.

На средбите било истакнато дека долгогодишната стабилна соработка меѓу двата парламента е потврдена преку бројни билатерални посети. Било нагласено дека преку досегашната соработка е разменето значајно искуство во областа на европските интеграции и законодавните процедури.

Посебно било истакнато дека Хрватска, како последна земја членка што се приклучи на Европската Унија, има длабоко разбирање за сложеноста на пристапниот процес и претставува силен поддржувач на европската перспектива на Македонија.

Соговорниците потенцирале дека службените лица располагаат со високо ниво на експертиза и искуство и изразија подготвеност за понатамошна соработка. Парламентарната експертска служба беше посочена како компетентна и етаблирана, особено преку искуството стекнато за време на процесот на пристапување во Европската Унија.

Во продолжение на студиската посета, како што се наведува во соопштението, се предвидени и заеднички дебати помеѓу службите на двата парламента, како и подготовка на проактивни предлози и насоки за унапредување на институционалните процеси и меѓусебната соработка.