Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Нов Центар – поддршка и можности за лицата со попреченост

За некого само еден Центар,  а за нив катче каде што денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За некого само еден Центар,  а за нив катче каде што денот ќе има поинаква смисла. Место за дружење, учење, игра, разговори,  нови искуства и можност чекор по чекор да стануваат се посамостојни. Новоотворениот Центар за дневен престој за лица со попреченост  над 14 години  Гаспар кој се наоѓа во просториите на МКЦ, ги отвори вратите За овие млади луѓе да имаат можност за напредок и развој

-Центарот моментално фукционира работи на две работи пополнување на сите критериуми според правилникот на Министерството за труд и социјална политика во однос на простор во однос на опрема и во однос на кадар–вели психологот Фики Гаспар.

Целта е да поминат квалитетно време, да ги развијат своите способности,  да стекнат нови вештини и да се почувствуваат прифатени.  Со психолошка и стручна поддршка но и со едукативни , креативни и рекреативни активности секој корисник ќе добие можност да напредува. Некому ќе му треба помалку а некому повеќе време. Но секој чекор е важен.  Во Центарот додава психологот Фики Гаспар ќе бидат опфатени две групи на лица со попречености.

Реклама

-Значи ќе се работи на две групи едната од 14 до 26 години  а останатата од 26 години нагоре.Центарот ги има скоро сите критериуми постигнато со тоа што е поддржано од Град Скопје со локација, со објект и со сите останати потреби кои што ги има Центарот поточно според Правилникот за работа за оваа сцијална услуга—вели психологот Фики Гаспар.

Додава дека во тек е мапирање на корисниците кои ќе бидат дел од овој Центар,  а  заинтересираноста досега е доста  голема. Инаку за семејството  на овие млади лица пак ова е место каде што нивните најблиски ќе имаат катче каде што ќе бидат безбедни и прифатени, но и  активни. Инклузијата можеби најдобро може да се препознае во вкави моменти, кога некој добива простор да покаже што знае. Кога има со кого да разговара, кога има каде да оди и да почувствува дека е дел од заедницата.

-Овој Центар за лицата со посебни потреби над 14 години нема да биде место каде што само ќе го поминат денот туку место каде што ќе можат да комуницираат, да учат социјални вештини и практични работи од секојдневието  но и ќе можат да дознаат што се можат да направат сами.