Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Нов апарат за дензитометрија ставен во функција на Ортопедската клиника „Мајчин дом“

Нов апарат за дензитометрија, односно мерење густина на коските, од денеска е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов апарат за дензитометрија, односно мерење густина на коските, од денеска е ставен во функција на Ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Скопје. 

Проф. д-р Марта Фотева од Универзитетската клиника за ортопедски болести рече дека апаратот, кој бил постар од 20 години, пред една година престанал да работи и со сопствени средства набавиле нов современ апарат за дензитометрија. Појасни дека секогаш за итни случаи имаат слободен термин, а за редовно снимање пациентите треба да закажат.

– Со овој нов апарат и со превентивните прегледи ќе може да се намали бројот на случаи со скршеници и ќе се направи заштеда за здравствениот систем. Се надеваме дека со Министерството за здравство ќе формираме регистар на пациенти со остеопороза за да може да ги следиме. Апаратот ќе се користи за научна апликација во рамките на Медицинскиот факултет – Скопје – истакна проф.д-р Фотева.

Реклама

Директорот на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, рече дека направен е голем чекор со тоа што, наместо стариот, е набавен нов апарат, кој моментно е најсовремен.

Тој посочи дека во државава има 13 апарати за мерење густина на коските, а пет се во Скопје.

– Многу е мал бројот на апарати кои се превенција за луѓето што имаат заболувања на коските, особено по 50-тата година. Покрај тоа што Клиниката за ТОАРИЛУЦ лекува пациенти оперативно, конзервативно, веќе влеговме и во новата фаза со превенција, каде што ќе направиме нова патека и сите овие пациенти нема да дозволиме да дојдат на оперативен стол ако превентивно ги следиме и да добиеме резултати со овој апарат. Со програмата што ја работиме со Владата, Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување таргетот ни е на собирање информации што ги имаме, ги селектираме, ги ставаме во базата, правиме патеки и креираме политика за подобрување на македонското здравство и давање здравствени услуги – рече д-р Мерџановски.

Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, рече дека особено го радува што ортопед хирург како Мерџановски, кој работи сериозни операции, става фокус на превентивата.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека секојдневно докажуваат оти сакаат да има здравствен систем што ќе превенира, а не кој само ќе лекува.

– Купен е апарат што ќе ги следи остеопорозните промени кај граѓаните, кои ќе може полесно потоа да се следат. Ние ќе продолжиме во тие пет столба, кои ни се дефинирани, а еден од нив е вложување во инфраструктура и апаратура, да се подобрат условите во сите здравствени институции и од техничка гледна точка да може да се купуваат соодветни апарати, кои ќе може да ги следат здравствените проблеми кај граѓаните. Со тоа им нудиме поквалитетен живот на граѓаните, но и од економска гледна точка Министерството за здравство и Владата ќе трошат помалку средства – посочи Алиу.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека здравствениот систем бара многу инвестиции и веќе во светот пристапот е друг, односно не се купуваат апарати, туку се изнајмуваат. 

– Веќе сериозно правиме анализи за да може да пристапиме кон моделот на изнајмување апарати, кое ќе биде ад хок решение на ниво на држава. Тоа значи дека може 20, 30 истовремено да се инсталираат на ниво на здравствените институции, а од друга страна, и одржувањето и следењето од техничка гледна точка на таа апаратура ќе биде полесно – додаде Алиу.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: