Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Ноќни стражи во Охрид

Ситуацијата во туристички Охрид излегова од котрола,сликата е дотолку хаотична што жителите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ситуацијата во туристички Охрид излегова од котрола,сликата е дотолку хаотична што жителите на стариот дел од градот се принудени да дежураат,стражарејќи во долгите непроспиени ноќи. Тие бараат поголема ажурност и засилено присутно на полицијата во целиот град.

  • Може Охрид да се каже дека е во вонредна ситуација !Да дојдат овде не само кога доаѓаат Заев и компанија во нивна пратња и обезбедување, туку да дојдат полицајци или редари да има. Ова на моја возраст 61 година до сега го немам видено.Јас веќе им дадов име на овие деца, жално ама така е-“зомби”.Таква некултира до сега немам видено се’ е пијано а можеби и дрогирано.Пре 3 вечери околу 3 часот ме разбуди голема галама,гледам едно дете долу паднато и тројца го шутираат со клоци-вели Здравко Чорбе-жител на Охрид.

Дека надлежните немаат контрола врз случувањата,ни стана јасно кога децата почнаа да се качуваат на крововите за што сведочи оваа фотографија

-Свесни сме дека и нашето стражењето не е начин,тоа не е наша обврска,но ние мора да си ги заштитиме сопствените куќи и дворови-крајно револитани,мештаните раскажуваат со што се соочуваат повеќе од половина месец.

Реклама
  • Во ноќните часови сликата во стариот дел е страшна, да не кажам хорор.Од 23.30 ,околу полноќ до 6ч сабајле буквално нема спиење. Отпадоци, ѓубре на сите страни, со неартикулирано однесување на младината,качување по чатии. Со извинување, но ќе кажам дека извршуваат физиолошки потреби во нашите дворови, значи ситуацијата е страшно хаотична- вели Јаким Маленко-жител на Охрид.

Го запоседнуваа нашето највредно културно наследство,околу цркавата Света Софија, Античкиот театар, црквата Св. Јован Канео ,а сега се повеќе ги има и во дворните места во училиштата.

Младите дивеат и во Љубаништа и Градиште, за да преспијат, ги обиваат куќичите и памповите, оставајќи пусош зад себе-сведочат нашите сограѓани. Ваквите слики кои се шират преку социјалните мрежи и го обиколија светот, го ат угледот не само на Охрид, туку и на Македонија.

Росица Голабоска