Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани – болката на ДУИ за Бектеши ги натера да шират лажни вести

Болката дека нивниот екс-министер Бектеши е уште во притвор како осомничен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болката дека нивниот екс-министер Бектеши е уште во притвор како осомничен за Кочани, ги натера Али Ахмети и ДУИ дури и да измислуваат работи и да шират лажни вести.

Прво, со денови обвинуваа дека истрагата се води селективно, по што излегоа со обвинувања дека со неа се таргетирале главно Албанци, за сега да измислат дека поради ваквиот начин на спроведување на истражните дејства еден од обвинителите си поднел оставка.

„Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените„ реагира Јавното обвинителство „Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“.

Реклама

Инаку, ДУИ утрово со драматично соопштение предупреди за политички притисок во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Всушност, на опозициската партија најголем проблем ѝ е што нејзиниот член Крешник Бектеши, кој е осомнилен во истрагата, и натаму останува во притвор. „Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество“, се вели во соопшението на ДУИ.