Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ниту еден обвинетите во „Пулс“ не се чувствува виновен

„Секоја вечер ја преживувам трагичната ноќ и до денеска не можам да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Секоја вечер ја преживувам трагичната ноќ и до денеска не можам да поверувам што се случи“, со треперлив глас и без да ги задржи солзи, газдата и првообвинетиот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов сведочеше во судот. Тој уверува дека доколку знаел би презел сѐ, за да обезбеди сигурни услови за одржување на концертот на групата ДНК. На семејствата на починатите им изрази сочувство, а на повредените брзо опоравување.

Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел нешто за да се отвори навреме. Во тој клуб има пораснато 10 тина генерации. Сите знаат дека се грижам за сите гости на клубот. Од срце и од душа сакам да изразам сочувство на сите фамилии што изгубија некого, а на повредените брзо опоравување, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починато член и повреден член и ја носиме истата болка како и вие што ја носите“, вели Дејан Јованов, првообвинет во случајот „Пулс“.

Претходно неговата адвокатка Ивана Коцевска рече дека и најголемиот суд во светот не би можел да изнајде причинско-последична врска на верижни дејствија во текот на 13 години и истите да ги поврзе со трагедијата. Според нејзе, обвинението не е издржано, а Јованов не е монструм, туку човек кој не можел да предвиди што ќе се случи. Коцевска смета дека првообвинетиот треба да биде обвинет за небрежност, а не за тешки дела против општата сигурност, затоа што немал свест дека не исполнува услови, бидејќи ниедна институција не му го посочила тоа. Исто така, според нејзе вина има и кај групата „ДНК“ затоа што биле неодговорни.

Реклама

Се случи тоа што никој не го посакуваше. Мене како бранител на првообвинетиот толку многу ми е тешка задачата да го бранам човекот што во вашите очи е убиец, а за мене е обичен човек, колку и да го правите монструозен, тој е обичен човек. Настанот немаше да се случи доколку не беа немарни музичките активисти присутни тој ден во локалот на Дејан. Дејан е човек, не монструм, вели Ивана Коцевска, адвокат на прво и второобвинетиот.

Претходно, сите 35 обвинети се изјаснија за невини. Сопствениците и вработените во „Пулс“ изразија длабоко жалење и сочуство до семејствата на загинатите, некои од нив, дури и би го дале животот само да се вратат загубените животи, но не смеетат дека се виновни за пожарот. За невини се сметаат и поранешните градоначалници. За нив процесот е селективен и политички мотивиран, а обвинението контруирано. Инспекторите и службениците, пак мислат дека се обвинети само за да се зголеми бројката на луѓе кои треба да понесат одговорност. Обезбедувањето од Рубикон тврдат дека тие спасувале животи и жалат што не успеале да спасат многу повеќе жртви.

Инаку, во ќелијата на Џеваир Камбери единствениот обвинет и за поткуп, покрај  тешки дела против општата сигурност,  биле најдени 13  мобилни телефони и лаптоп. Судијката му се закани со самица, доколку ова се повтори. Во наредните неколку рочишта се очекува сите обвинети да ги дадат своите воведни зборови.