Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Никовски: Тоа што Брисел ја одби Арифи е уште една шлаканица за македонската надворешна политика

Тоа што Брисел одбива наш претставник е уште една шлаканица за македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што Брисел одбива наш претставник е уште една шлаканица за македонската надворешна политика, сметаат експертите.  За претставник во меѓународна организација  за разлика од процедурата за именување амбасадор во одредена држава не е потребно да се бара агреман.

Ова е само голема шлаканица за нашата надворешна политика. Фактот што една меѓународна организација одбива да прими ваш претставник е крајно невообичаено.  На билатарелен план кога се работи за една држава се бара агреман за предложениот кандидат. во меѓународните организации како што се ОН, ЕУ и слично не се бара агреман туку само се нотифицира кој ќе ја претставува државата, вели Ристо Никовски поранешен амбасадор.

По информацијата дека Теута Арифи не го помина филтерот на Брисел, Македонското МНР излезе со демат дека не е прифатено барањето затоа што воопшто досега од македонска страна не бил пратен агреман до ЕУ . Ваквиот демант,  Никовски го коментира како бранење на партиски интереси.

Реклама

Демантот на МНР покажува дека тие немаат никакви скрупули во бранење на некакви интереси пред се партиски во овој случај и на додатен начин е срам за државата бидејќи фактот дека било нотифицирано, не се бара согласност само се нотифицира и се одбива покажува дека државата навистина не знае што прави.  А во конкретниот случај кога е Теута Арифи во прашање, ние имавме бројни информации во јавноста дека за време на нејзиното владеење во Тетово се правеле невидени малверазиции.  На сето тоа ти да предложиш некој да ја претставува оваа држава е навистина срамно, додава Никовски.

Теута Арифи по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон во март годинава од македонската влада беше предложена за амбасадорка на ЕУ. Откако Арифи не ги помина филтрите на Вашингтон, македонското МНР излезе со став дека тоа го разбира како несогласување.

Ова не е прв случај да биде одбиен македонски амбасадор.  Љубомир Фрчкоски беше одбиен за амбасадорско место во Вашингтон, по што македонскиот претседател Стево Пендаровски потпиша Указ за Фрчкоски да се вдоми во мисијата на ОН во Њујорк.

Кристина Алексиеска