Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дрога и фалсификување исправа. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју во „За или против“ на Алфа телевизија.

На прашање дали се откриени нови криминали со возила, директорот потенцира дека годинава до ОЈО и ОЈО ГОКК се поднесени 89 кривични пријави против 69 правни и 230 физички лица поради основано сомневање за сторени криминални дела со вкупно 204 возила.

– Само до ОЈО ГОКК се поднесени 26 кривични пријави против 50 правни и 160 физички лица, за сторени кривични дела со 90 возила. Заедничко за овие случаи е грубото кршење на законските прописи, при што вмешани се царински службеници, шпедиции, увозници, нотари и полициски службеници. Изработувани се фалсификувани документи и возилата се пуштани во слободен промет без да се плати царина и други увозни давачки во целост, односно давачките се делумно плаќани, истакна Николовски.

Реклама

Истрагите резултираа и со зголемена наплата на приходи од увоз на возила. Анализата за октомври, покажува најголем раст на наплатени приходи од увоз на возила, додека на кумулативно ниво, приходите од увоз на возила се на второ место по приходите од увоз на тутун.