Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Николовски: Борбата со корупцијата во фокус, спречен криминал со употребувани возила – 67 кривични пријави, 11 отказни решенија за царински службеници

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делуваме системски, преку зголемена соработка со останатите институции сè со цел спречување на организираниот криминал и корупцијата во сите институции кои учествуваат во царинските постапки. Годинава преку Одделението за истраги, во рамки на Секторот за контрола и истраги, поднесени се 67 кривични пријави против 38 правни и 148 физички лица за сторени кривични дела со 181 возила каде директната штета врз Буџетот изнесува 16,5 милиони денари, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски.

-Донесени се 11 решенија за отказ на царински службеници. Зголемените контроли, се еден од клучните фактори за раст на наплатата на приходите од 65,5 милиони евра заклучно со август годинава. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, се осврна на конкретните резултати постигнати во изминатите месеци, со посебен фокус на системските мерки за борбата со корупцијата, како една од најголемите закани за безбедноста, изјавил Николовски.

Николовски потенцирал дека покрај зголемените контроли во изминатиот период во рамки на Царинската управа се работело на менување на свеста на царинските службеници сè со цел поголема ефикасност во спречување на криминалот и корупцијата. Доказ за преземените чекори во сузбивање на корупцијата е и последниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата, во кој Царинската управа е на високото петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет. Покрај веќе донесените 11 отказни решенија, од кои две се со судска одлука, директорот вели дека од лани се спроведени вкупно 76 дисциплински постапки. Нагласил дека е потребна силна волја и нови кадри кои ќе учат од најдобрите во Царинската управа, и оти ова се начините за ефикасна борба со корупцијата.

Реклама

Николовски порачал дека контролите на граничните премини се зајакнати и оти преку подобрена анализа на ризик, целта е што помалку контроли, со цел непречен проток на патници и стока при истовремен поголем успех во детекција и откривање на секој обид за криминал.

Во првата половина од годинава, како резултат на вршење селективни контроли базирани на анализа на ризик и проценка на ризик во патничкиот промет,  бројот на откриени неправилности е зголемен за 194 проценти во споредба со истиот период 2024 година.

Во однос на ефектите од воспоставениот концепт на едно застанување на граничните премини со Србија и Косово, директорот вели дека за разлика од порано кога граѓаните на едно место морале да застанат два пати, сега застануваат еднаш при што се врши една проверка. Системот веќе ги дава ефектите, преку забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц.