Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Николоски во посета на Обединетите Арапски Емирати: Ги прошируваме можностите за соработка и инвестиции во инфраструктурата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е дел…

Сподели:

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која се наоѓа во работна посета на Обединетите Арапски Емирати. Во рамки на посетата се предвидени низа економски средби со претставници на државни инвестициони фондови и бизнис комори.

Посетата вклучува повеќе средби кои ќе се фокусираат на можностите за економска соработка, потенцијалните инвестиции и можни инфраструктурни проекти. Официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати е организирана по покана од Неговото Височество Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, претседател на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби.

Во текот на посетата, ќе бидат остварени средби со претседателот на ОАЕ и владетелот на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и владетел на Емиратот Дубаи, како и со државни инвестициони фондови на Емиратот Абу Даби и стопански комори.