Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Николоски: Во Крушево ќе се гради спортска сала, ќе ги рехабилитираме патиштата од двата влеза на градот и ќе градиме обиколница, во недела ќе ставиме точка на владеењето на СДСМ во Крушево

На Крушево му треба развој, туризам и нови проекти. Со идниот градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Крушево му треба развој, туризам и нови проекти. Со идниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Нико Чонески, ќе го развиеме градот, ќе изградиме обиколница, нова спортска сала и ќе ги реконструираме патните правци кои го поврзуваат Крушево, истакна денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средби со граѓани во Крушево.

„Мене ми е драго што имаме бројни реализирани проекти и проекти во најава. Сакаме да направиме инфраструктурен бум овде во Крушево, со цел Крушево да може економски да се развива. Можам да најавам дека преку ЈП за државни патишта ќе имаме четири големи проекти. Едниот е целосна рехабилитација на регионалниот пат од Кривогаштани до Крушево, вториот е рехабилитација на регионалниот пат кој што оди од Долно Сладуево до Крушево во должина од 20 км, ова е делот од Демир Хисар кога се доаѓа кон Крушево. Третиот е целосно асфалтирање на патот од Пуста Река, село на територија на Крушево до село Цер на општина Кичево. Ова се работи кои ќе ги работи ЈПДП што практично значи дека двата влеза кои ги има градот ќе бидат целосно рехабилитирани за полесно да се доаѓа до градот“, потенцираше Николоски.

Како што додаде Николоски, преку Министерството за транспорт се работи и на локални улици во градот, а следуваат и нови проекти преку поддршката од Владата.

Реклама

„Тоа се улиците Кочан Миленку и Манчу Матак. Таму проектот завршува, очекуваме следната недела веќе да поставиме хоризонтална и вретикална сигнализација и да го пуштиме во употреба и ова многу ќе значи за жителите кои гравитираат кон тие улици. Од првиот повик тука е реконструкцијата на општинскиот пат од село Врбец до Митрени, како и реконструкцијата на патот во село Јекреново, а од вториот повик со идниот градоначалник ќе реализираме пристапна улица до ски терените во Крушево, што многу ќе помогне за развој на туризмот и подобрување на ски сезоната. Исто така, и обиколница која е многу години ветувана и никој не ја реализирал. Првата фаза е во вредност од 1 милион евра и заедно со идниот градоначалник ќе ја реализираме“, рече Николоски.

Тој најави и изградба на мултифункционална спортска сала со основна намена за подготовки на националните репрезентации во различни спортови, а истакна и дека доаѓаат промените во Крушево.

„Со градоначалникот ќе работиме на други бројни проекти кои следуваат. Јас сум убеден дека ќе имаме голема победа во недела, дека ќе се случат промените во Крушево како што лани се случија на ниво на цела држава и дека ова владеење на СДСМ и ДУИ ќе добие точка и во Крушево и заеднички ќе ја развиваме општината“, потенцираше потпретседателот Николоски.