Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон.

Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од кралот, вели вицепрeмиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Во гостувањето на Радио Лидер, Николоски напомена дека ова ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.

Реклама

– Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имаме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија која Македонија требаше првпат да ги почне преговорите.  Потоа имавме средби со УКЕФ, со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски  со премиерот Стармер, имаше два разговора со него, една тет-а-тет средба и втора неформална средба. Понатаму, имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на оваа држава. Првпат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на Монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред се за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Блаканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата, истакна вицепремиерот Николоски.

Тоа, според него, е нешто што останува во историјата и што ја носи Македонија на повисоко ниво во билатералните односи со Велика Британија.

-Тоа е нешто што останува за историја и ја носи Македонија на едно ниво со оваа мудра и конструктивна политика која ја води оваа Влада и ова е продолжение на она што го почнавме во мај месец,  средбите со премиерот Стармер и Договорот што го потпишавме Влада со Влада за стратешко партнерско и тоа ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат, рече Николоски.