Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани локомотиви. Ќе се набавуваат и нови патнички возови

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар–Кичево. За две години би имале избран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар–Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот целосно ќе ја реконструираме пругата, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за една национална телевизија.

-Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час, истакна Николоски.  

Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде дека следи набавка на две нови локомотиви и репарација на 11 постојани локомотиви. 

Реклама

-Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме.  Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови, истакна вицепремиерот Николоски.