Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Николоски: Привлекуваме нови инвестиции во туризмот, здравството и енергетиката

Во однос на посетата на Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за транспорт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во однос на посетата на Обединетото Кралство, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека таа имала политички карактер, но дека не се исклучува можноста за потпишување договори за стратешко партнерство. Тој додаде дека Македонија има развиено готови проекти, што претходните влади не ги имале, и дека работи на нови инвестиции во инфраструктурата, туризмот, здравството и енергетиката.

Николоски објасни дека силниот инвестициски циклус се реализира во три компоненти:

Проектите на Коридор 8 и 10д, кои се реализираат со Бехтел и Енка.

Реклама

Проектите во железницата, од кои првата фаза е завршена, втората се работи, а ако се постигне договор со Бугарија, ќе се започне и со третата фаза.

Автопатот Кичево-Охрид, кој се очекува да се заврши до крајот на годината, а првите 40 км ќе бидат пуштени во крајот на јуни или почетокот на јули.

Николоски истакна дека вториот дел од инвестициите изнесува помеѓу 500 милиони и една милијарда евра, кои ќе се вложат во патишта преку комбинирано финансирање. Третиот дел од циклусот се однесува на инвестициите што произлегуваат од посетата на Обединетите Арапски Емирати, која беше насочена кон привлекување финансиски средства и инвестиции, додека визното ослободување било дополнителен политички аспект на посетата.

„Економијата беше основната цел на посетата и јавноста треба да е свесна дека со војната во Украина и трговската војна помеѓу ЕУ и САД, европските пари стануваат поскапи. Каматните стапки и условите за кредитирање се од големо значење,“ нагласи вицепремиерот.

Во однос на посeтата на Обединетото Кралство, Николоски нагласи дека таа имала политички карактер, но не се исклучува можноста да се потпишат договори за стратешко партнерство. Тој исто така додаде дека за Македонија е важно да обезбеди финансирање кое ќе биде одржливо за буџетот, ќе поттикне раст на БДП и нема да го оптерети идните генерации.

„Обединетите Арапски Емирати имаат подобри услови за финансирање во споредба со многу европски држави, и тоа е нешто што треба да се има во предвид,“ заклучи Николоски.

Тој истакна дека економските политики се целосно координирани со министерката за финансии.