Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Економија

Николоски: Пошта земала лихварски кредит од банка кој ќе го репреговараме, проблемот со платите ќе се надмине

Плати за 4.400 вработени во Пошта и Железници ќе има, а МВР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плати за 4.400 вработени во Пошта и Железници ќе има, а МВР и ОЈО да истражат како се задолжувале во минатото. Министерот за транспорт Александар Николоски посочи дека во моментов се крои план за реструктуирање на постојните долгови во Македонска пошта и Македонски железници но, и план за постигнување на профитабилност на претпријатијата.  Николоски најави дека ќе се интервенира во Буџетот за Железници инфраструктуира со оглед на тоа дека станува збор за претпријатие во државна сопственост.

Значи зборуваме за три претпријатија. Од овие три претпријатија две се АД, тоа се Македонска Пошта и Македонски Железници – транспорт, а за акционерските друштва финансирањето не оди од буџет туку од приходите кои што ги остваруваат и тука работиме на целосен план за реструктуирање на двете друштва кој што треба да им овозможи профитабилност од една страна, а од друга страна тоа што го правиме во моментов е реструктуирање на постојните долгови кои што ги имаат со цел да вработените земаат редовно плата. Значи мора да најдеме баланс каде што луѓето дома ќе носат плата и мора да е така, затоа што на крајот на денот сите имаат семејства и треба да живеат, но од друга страна мора да има и продуктивност како тоа би се оправдало, рече Николоски.

Задолжувањата во минатото кои биле направени на недозволив начин се причина за катастрофалната состојба на претпријатијата. Николоски откри дека во Македонска пошта имало кредит кој бил отворен под неповолни услови за претпријатието, а МЖ Транспорт земале позајмици кои го оптоваруваат претпријатието. Министерот очекува надлежните органи да го истражат работењето во минатото

Реклама

-Ќе кажам дека Македонска Пошта во моментов има отворен кредит кон една банка, не ја кажувам затоа што има таков договор потпишано, кој што кредит, според мене, е лихварски и тоа моите претходници само го оставале. Јас седнувам со раководството на Пошта да го тоа репреговараме  затоа што не може да е така и недозволиво е да е така затоа што на тој начин се уништува претпријатието. Исто така, МЖ – транспорт има позајмици од МЕПСО, кои што според мене, се недозволиви како се направени и тоа исто така го оптеретува претпријатието, вели Николоски.

Вработените во подружниците на Пошта неколку пати изминатите две години го изразуваа револтот  од ниските плати кои  нередовно им се исплаќаа . Тие предупредуцаа дека претпријатието се соочува со огромна финансиска криза, и дека се претерало со партиски вработувања. Во Железници пак состојбата е очајна. Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра.