Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

Законски измени, материјална и техничка поддршка. Владата со стратегија да го врати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законски измени, материјална и техничка поддршка. Владата со стратегија да го врати имиџот на Македонска пошта и да обезбеди подеднакви услови за сите на пазарот. По повеќегодишна запоставеност, конечно се случуваат промени кои стартуваат со донација на 100 комби возила. Дополнително се работи и на програма што ќе го подобри софтверот, а со тоа се очекува да се унапредат условите за работа и да се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните. Во таа насока, Вицепремиерот и Министер за Транспорт Александар Николовски најави и законски измени и консултации со сите чинители на поштенскиот пазар со главна цел – заштита на државниот капитал и негов развој.

Многу е лесно да се земе делот од пазарот што е профитабилен и што одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност – писмото што јас денеска ќе му го праќам на градоначалникот на Вевчани да го однесе во услови кога никој друг не го прави тоа. За ова ќе разговараме во следниот период зашто состојбата не може да остане ваква – или сите подеднакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки. Мојата намера е Македонска пошта да расте, а не да пропаѓа “– истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, иако земјата не е членка на ЕУ, што создава сериозни предизвици за функционирањето на Македонска пошта. Притоа подвлече дека оваа Влада има јасна определба да го заштити државниот капитал и државните компании, за разлика од претходни влади кои, како што рече, биле подготвени да ги продаваат.

Реклама

Во моментов на македонскиот пазар има дури 29 субјекти кои се занимаваат со оваа дејност. Но само АД Пошта на Македонија е во државна сопственост, а со тоа и со најголема одговорност. Директорката на Агенцијата за пошти најави низа промени, за кои вече има и конкретни планови. Освен законските измени, планирани се и низа други активности во насока на зголемување на ефикасноста но и безбедноста на услугите. Ова е неопходно ако се има предвид дека електронската трговија доживува своевиден бум, а со тоа и расте потребата од услууги на поштенските субјекти и доставувачи на пратки: 

„Во моментов на пазарот работат 29 лица од кои АД Пошта на Македонија со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга и 28 правни лица за општо овластување за обезбедување на поштенски услуги. Оваа година издадени се вкупно 8 општи овластувања. Две на нови компании кои за прв пат направија влез на поштенскиот пазар од кои едната за домашни услуги за писма и пакети со мрежа на цела територија на државата, а вториот давател доби дозвола да работи локално за Скопје за пакети. Приватната конкуренција никогаш до сега немала толку густо развиена поштенска мрежа низ државата и толку голем број на луѓе не биле ангажирани во доставата.“– вели директорката на Агенцијата за пошти, Марина Тоневска.

Според анализата на пазарот за поштенски услуги на Агенцијата за пошти, за првото полугодие од 2025 година има зголемување на вкупен обем на пратки и на пакети. Ваквиот тренд е присутен речиси секаде. Клучниот предизвик е во делот на ефикасноста, почитување на роковите за испорака, но и со работната сила, односно ндеоволниот број работници.