Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Економија

Николоски: Од 1 мај почнува авиолинијата Тиват – Скопје, во опција се и Скопје – Подгорица и Тиват – Охрид

Од 1 мај ќе почне авионската линија од Тиват до Скопје, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 мај ќе почне авионската линија од Тиват до Скопје, која во почетокот ќе соообраќа двапати неделно. Се размислува во блиска иднина и за отворање на авиолинии од Скопје до Подгорица и од Тиват до Охрид.

Со отворањето на оваа директна авиолинија владите на двете држави очекуваат зголемување на бројот на патници, но и раст на туризмот и на економијата.

– Она што пред 20 дена го разговаравме при нашата посета на Црна Гора се реализира. Оваа авиолинија се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на бројот на патници, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека оваа авиолинија ќе ја користат многу луѓе – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ. 

Реклама

Иницијативата за воспоставување директна авиолинија меѓу Црна Гора и Северна Македонија произлезе за време на посетата на вицепремиерот Николоски на Црна Гора пред 20-ина дена. 

Николоски вели дека ова е прва авиолинија со Црна Гора и дека можностите се такви што во блиска иднина ќе се воспостават и другите две авиолинии.

– Политичка волја на двете влади беше да се воспостави директна авиолинија, а сега на авиокомпаниите останува да видат комерцијален интерес во тоа. Ова е само почеток, да видиме како ќе оди, но сигурен сум дека ќе разговараме и за другите авиолинии – рече Ивановиќ.