Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата планира изградба на нови експресни патишта со цел поквалитетно регионално поврзување – најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски вели дека плановите опфаќаат изградба на нов експресен пат од Кочани до границата со Бугарија, нов експресен пат од Радовиш до Струмица и нова врска на Коридорот 10 со Коридорот Струма преку изградба на експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија.

За делницата од Куманово до Страцин, Николоски информира дека веќе се работи на заеднички постапки со Европската Унија, со што ќе се заокружи поврзувањето со делот од Страцин до Крива Паланка, кој беше пуштен во сообраќај минатата година.

Реклама

– Сега, во соработка со ЕУ, треба да го изградиме делот од Куманово до Страцин. Експресните патишта ќе бидат поинакви од досегашните што ги изградивме. Сменивме и закон и правилник и сега ќе личат, на пример, на автопатот Тетово – Гостивар, каде што ќе имаат две плус две летни со ограда на средината, ама оградата нема да биде бетонска, туку класична еластична ограда, таков е потегот на Дреново – Фариш, таму имаме две плус две ленто и со еластична ограда на средината – истакна вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека на Влада ги поминале основните документи за експресен пат од Кочани до границата со Бугарија.

– Клучен проект за мене е експресен пат од Радовиш до Струмица и уште еден експресен пат од Смоквица преку Струмица до границата со Бугарија и Петрич од другата страна – нагласи Николоски.

Во однос на автопатиштата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, вицепремиерот посочи дека работите се одвиваат со потребната динамика и дека проектите, со добро планирање и менаџирање, ќе бидат реализирани во предвидените рокови.