Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Николоски: Ние сме единствена земја во регионот што отвара нови авиолинии во најголемата авиокриза, отворени сме за соработка со сите авиокомпании, но без уцени

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако не беше постигнат договор со нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Владата продолжува со отворање нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми – потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето.

Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања, кои би биле на штета на другите авиопревозници и на државните интереси.

– Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник што пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но не можеме да прифатиме уцени, укинување други линии во нивна корист и субвенции што би биле два и пол пати повисоки само за една компанија – рече Николоски .

Реклама

Вицепремиерот откри дека во моментот се водат разговори со други заинтересирани авиокомпании додавајќи дека Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозна криза.

– Ние сме единствена земја во целиот регион што отвара нови авиолинии и во следниот период ќе има 5 нови, и тоа: „Аустрија ерлајнс“ ќе лета директно Виена – Охрид, во јуни почнуваат две дестинации од Краков и Вроцлав во Полска до Охрид, а во текот на јуни почнуваат и две одлични летни дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо – Сицилија, а втората е Алгеро – Сардинија, така што отвораме 5 нови рути во најголемата криза што ѝ се случила на авиоиндустријата кога било видена – изјави Николоски. 

Министерот информира и дека „Визер“ ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата веќе размислува и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Во однос на резервите со керозин, тој исткана дека имаме резерви од кериозн и над законскиот минимум, други аеродроми се снабдуваат кај нас, што подразбира дека состојбата е стабилна.