Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Николоски: Над 74 проценти од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

Повеќе од 74 проценти од средствата за капитални инвестиции во Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 74 проценти од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства може да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, изјави  заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што соопшти Министеството за транспорт, тој истакна дека овој резултат се должи на сериозното планирање и интензивна работа уште од првите месеци по формирањето на Владата и посочи дека ваквата реализација е силен импулс за економијата и градежниот сектор во државата.

-Работевме доста интензивно од изборот до минатото лето на сериозно планирање на активности и веќе од минатата пролет-лето работиме на реализација. Јас не сум изненаден од овие бројки и сум навистина горд што три четвртини  од средствата предвидени за капитални расходи во Министерството за транспорт се потрошени, затоа што тие средства даваат дополнителен стимул на економијата, истакна Николоски.

Реклама

Вицепремиерот потенцира дека Министерството е подготвено да реализира дополнителни 40 милиони евра, доколку тие средства може да се обезбедат со ребалансот на Буџетот.

-Во однос на тоа што ќе правиме во остатокот од годината, ова е една убава комотна позиција за нас, да можеме при ребалансот на Буџетот да побараме дополнителни средства. Ние во моментов имаме услови да исконсумираме некаде околу 2,5 милијарди денари или над 40 милиони евра, средства коишто дополнително сме спремни да ги реализираме во текот на годината, а надвор од ова што е буџет на Министерството за транспорт.  Нашите проекти се највидливи и оваа цела раздвиженост на градежната оператива низ државата го покажува тоа што го зборувам, рече заменик-претседателот на Владата Николоски.