Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Николоски: Над 70 проценти раст во авиосообраќајот откако е избрана оваа Влада

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината.

-Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концпет кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3,5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70 отсто раст, рече Николоски.

Тој посочи дека оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија, со 30 проценти раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 проценти раст. Со завршувањето на надградбата и реконструкцијата на охридскиот аеродром, додаде вицепремиерот Николоски,  растот ќе биде уште поголем.