Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор

Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, евидентира и поднесува соодветна кривична пријава до Јавното обвинителство, но пријавата потоа Обвинителството или не ја процесира или ја процесира до суд, но не завршува со судска пресуда.

– Најдобар начин да обесхрабриме бесправно да се гради е некој да заврши онаму каде што му е местото, а тоа е во затвор зашто се работи за тешко кривично дело. За Маврово не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, за Охрид не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, за Скопје не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, ниеден, нула. Тоа значи дека им се дава мотив на оние што бесправно градат така и да продолжат. Што ако некоја општината ќе евидентира бесправна градба и теоретски ќе ја сруши, кога некој ќе изгради повторно. Треба да има судска пресуда, треба некој да заврши во затвор како ум и поука за сите други да не го прават тоа – порача Николоски.

Реклама

Тој уште еднаш повтори дека Министерството за транспорт нема никаква надлежност во однос на дивоградбите и дека тие се под ингеренции на општините. Од она што е на некој начин во надлежност на Владата, вкупно три случаи се правосилно завршени и треба да бидат отстранети: две во заштитено подрачје и една на спортски аеродром.