Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди по бројот на патници и реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авио-сообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и целокупната економија.

Николоски во гостување на една од нациналните телевизии посочи дека Владата води паметна политика на субвенционирање и привлекување нови авиопревозници, што, како што рече, резултира со рекордни бројки на двата меѓународни аеродроми во државата.

-Почнавме една доста паметна политика на субвенционирање и привлекување нови авиолинии и нови компании кои ќе оперираат од Македонија. Од друга страна, тука е и силната поддршка за туризмот. Денеска излегоа две исклучително важни бројки. Охридскиот аеродром само во еден месец опслужил 52.500 патници, што претставува раст од 41 проценти во однос на истиот период лани. Дополнително, на 20 јули се реализирани повеќе од 20 летови во еден ден, што е апсолутен рекорд за овој аеродром. Во Скопје, пак, само во јули се опслужени 409.000 патници и реализирани се 2.670 летови. На 20 јули беа реализирани 101 лет во текот на еден ден, што е нов апсолутен рекорд за Скопскиот аеродром. Ако продолжиме со ова темпо, многу брзо ќе достигнеме бројка од четири милиони патници годишно, нешто што до пред неколку години беше незамисливо за Македонија – истакна Николоски.

Реклама

Според вицепремиерот ова се реални бројки на луѓе кои доаѓаат во земјата, престојуваат, трошат средства за туризам и бизнис, а ефектите од тоа директно се чувствуваат преку раздвижувањето на целокупната економија.