Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Економија

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов се градат преку министерството и ЈПДП, како и оние проекти кои што до сега беа пуштени во употреба, како експресните патишта од Куманово до Крива Паланка и Градско- Фариш, дел од експресниот пат Градско-Прилеп.

„Тоа се само преку министерството за транспорт, да не зборувам за оние големи инфраструктурни проекти коишто одат директно преку министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта. Дали е тоа изградбата на автопатите Охрид-Кичево, сега работиме на Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Дали е пуштањето во промет на дата правци на експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е делот од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Понатака Куманово-Крива Паланка експресниот пат и бројни проекти коишто се работат во овој момент“, рече Николоски.

Реклама

Освен што во моментов државата е огромно градилиште и се гради низ цела Македонија, Николоски посочи дека сега, за разлика од некои минати времиња, започнатите инфраструктурни проекти се завршуваат, така што се враќа самодовербата

„И добро е што конечно завршуваат проектите и граѓаните можат да видат дека може да се заврши проект и она што е најважно, ја враќаме самодовербата кај народот дека Македонија и македонците се способни да водат големи проекти. Не е тоа само во патната инфраструктура, тука е и железничката инфраструктура, тука се аеродромите и авио линиите, тука се обновливите извори за енергија. Да не заборавиме дека за помалку од година дена успеавме целосно да завршиме во дел на процедури еден огромен проект којшто треба да е инвестиција од половина милијарда евра“, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на реконструирањето на големите претпријатија, како што се Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонска пошта во кои работниците не земаа редовно плата.

„Лани кога бевме избрани да ја водиме Владата, Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонска пошта не земаа редовно плата, а денес тоа веќе не е тема. Туку денеска зборуваме како да ги унапредиме и како подобро да работат“, рече, меѓу другото, Николоски.