Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Николоски и Димитриеска Кочоска на средба со Тим Рид: Потврдено стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.

На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји, соопшти Министерството за транспорт.

На Македонија и се ставени на располагање 6 милијарди евра преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.

Реклама

Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.

Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.

На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.

Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајќи дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции, се вели во соопштението од Министерство за транспорт.