Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.

Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10.

Соработката со Австрија, истакнува вицепремиерот, продолжува во духот на заедничките односи за развој на регионот, за економски напредок и за одржување на добрите билатерални односи.

Реклама

-Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.

Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок. На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот Коридор 8, како и за инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор, наведува Николоски.