Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

🎥 Никој од судиите не сака да го суди „Пулс“

Судиите од Кривичен бегаат од судењето за трагедијата во „Пулс“, како од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите од Кривичен бегаат од судењето за трагедијата во „Пулс“, како од ѓавол од крст. Две судијки се изземале од оценувањето бидејќи едната била во роднински врски со оштетена, а другата во релација со адвокат, брифираат извори оттаму. Никој не сака да постапува, и сите гледаат како да ескивираат од мачното и долго судење за пожарот во Кочани којшто однесе 62 млади животи. Причината зошто никој не сака да биде судијата што ќе пресуди за Кочани, најверојатно е поради тоа што судењето ќе има силен мониторинг и ќе биде под лупа на јавноста.
Оценката на обвинението допрва ќе се одолговлекува не само поради 40-те приговори од адвокатите, нивните одмори и рокот кога се запознале со обвинението, туку и поради барањата за изземања од постапка. Како за оценката, така најверојатно ќе биде и кога предметот ќе се спореди според АКМИС системот.
Со оглед на тоа што за трагедијата во Кочани има 34 обвинети, 3 фирми, уште толку адвокати, 13 обвинители, логично е голем број судии да се некако поврзани и да си го користат правото за да го избегнат судењето за Кочани.
И покрај овој проблем, од Кривичен информираат дека се прават натчовечки напори судењето да се закаже што побргу. Се очекува тоа да биде најдоцна до 15 септември.
Премиерот Христијан Мицкоски се воздржа од коментирање на истрагата за кобниот пожар. Тој е запознаен дека се чека на оценката на Кривичниот суд, но остави правосудните органи да си ја завршат работата
Инаку, долги години, а можеби и децении ќе трае судењето за трагедијата со оглед на тоа што има околу 1500-тини докази и безмалку 300 сведоци.
Обвинението за пожарот во Кочани е распослано на 165 страници и ја пресликува нефункционалноста на институциите во последниве 13 години. Најмалку 3, а најмногу 20 години затвор ги чека обвинетите. Според обвинението, никој не работел законски.
Судењето ќе се одржи во големата судниа во Идризово бидејќи во кочанскиот суд немаше судии. Според праксата, ваквите судските процеси во Македонија траат цела вечност и завршуваат неславно. Јавноста ги памети „Змиско око“,„ Армиско оружје“,„Тенковски делови и ред други, судења што траеа повеќе и од 10 години, а повеќето застареа или се уште се судат.