Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

„Ни ден ни ноќ“ – нова поетска книга на Ивица Челиковиќ во издание на „Феникс“

„Ни ден ни ноќ“ е новата поетска книга на Ивица Челиковиќ, објавена во издание на „Феникс“. Книгата е негово најново поетско остварување и десетта поетска книга во неговиот богат творечки опус. „Ни ден ни ноќ“, како што посочува издавачот, е поетско дело што тивко, но длабоко навлегува во просторот меѓу стравот, сеќавањето и човечката надеж. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ни ден ни ноќ“ е новата поетска книга на Ивица Челиковиќ, објавена во издание на „Феникс“. Книгата е негово најново поетско остварување и десетта поетска книга во неговиот богат творечки опус.

„Ни ден ни ноќ“, како што посочува издавачот, е поетско дело што тивко, но длабоко навлегува во просторот меѓу стравот, сеќавањето и човечката надеж. Овие песни не се обидуваат да дадат одговори, туку го осветлуваат немирот што останува во човекот кога зборовите ќе замолкнат.

Со силна метафоричност и прониклив јазик, авторот, се посочува, создава поетски свет во кој времето, поразот, заборавот и надежта постојано се судираат. Неговата поезија е истовремено интимна и универзална, исполнета со слики што долго остануваат во мислата на читателот.

Реклама

-„Ни ден ни ноќ“ е книга за тивките внатрешни битки, за ранливоста на човекот и за упорната потреба да се верува во „уште едно утро“. Длабоко рефлексивна поезија што се чита бавно и внимателно, а нејзините стихови долго одекнуваат и по затворањето на книгата, стои за новата книга поезија на Челиковиќ.

Ивица Челиковиќ е автор на дваесетина поетски книги и романи, добитник на повеќе значајни книжевни награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“ и „Караманов 2023“. Значајно место во неговото творештво зазема и преведувањето на шведската литература на македонски јазик, со преведени педесетина дела од истакнати шведски автори. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на шведските писатели.