Реклама
Прилози

Невидена трагедија во Грац: Поранешен ученик уби 10 луѓе, повеќето деца, во училиштето каде што учел предходно

Со пиштол и сачмарка влегол во училиште ги испразнил шаржерите убивајќи десетина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пиштол и сачмарка влегол во училиште ги испразнил шаржерите убивајќи десетина ученици. Хорор во средно училиште во Грац, Австрија.

22 годишен маж изутрината влета во училиштето и уби десетина деца, меѓу нив и еден професор, а двоцифрен е бројот и на повредени. Пукал во две уличници полни со деца, а потоа се повлекол во тоалетот и се самоубил. Од полицијата не ја исклучуваат можноста дека напаѓачот имал и помош.

Велат дека училиштето темелно е пребарано и обезбедено и дека не постои ризик и понатамошна опасност. Според австриските медиими, веднаш се екипирале локалните болници за повредените ченици. Голем број од родителите по нападот се собраа пред училиштето и ги чекаа вестите за своите деца. Полицијата ги советуваше самите да не се обидуваат да ги земат своите деца од училиштето, туку да чекаат понатамошни упатства од властите.

Реклама

„Веднаш откако го добивме повикот околу 10 часот, специјалните сили беа распоредени во средното училиште. Училиштето е евакуирано и сите се однесени на безбедно место. Не се очекува понатамошна опасност. Учениците се евакуирани и добиваат поддршка од тимовите за кризна интервенција“, изјави Сабри Јоргун, портпарол на австриската полиција.

Австриските медиуми објавуваат дека убиецот бил малтретиран како дете во истото училиште, па најверојатно тоа бил мотивот за убиството.  Овој напад се случи непосредно пред десетгодишнината од пукањето во училиште во Грац на 20 јуни 2015 година, во кое загинаа три лица.