Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

#Нет без хејт: Иницијативи и капмања за побезбедна дигитална средина, пријавување онлајн-насилство и едукација на родителите

Група млади од земјава поведуваат иницијативи и кампања за побезбедна дигитална средина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Група млади од земјава поведуваат иницијативи и кампања за побезбедна дигитална средина, за пријавување онлајн-насилство и за едукација на родителите. Тие, денеска, пред министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски, ги претставија своите проекти, кои, како што информираа, треба да бидат заокружени до крајот на годинава.

Во овој контекст, рекоа, изготвен е и прирачник за справување со сајбер-насилство, кој им помага на возрасните полесно да допрат до младите и да комуницираат со нив.

– Сајбер-насилството најчесто се случува во пораки, „чатови“, коментари на профили, не само преку конверзација, туку и преку споделување разни фотографии и видеа, кои многу бргу потоа се споделуваат. Понекогаш не сме сигурни дали се работи за навреда, шега или некаков вид социјален притисок. Повеќето не знаат каде да се обратат, а некои и немаат храброст или мислат дека можеби тоа и не е толку голема работа. Затоа излегуваме со иницијативи преку кои ќе им помогнеме на нашите врсници, но и на возрасните, на родителите – да знаат како да се справат со она што ни се случува во дигиталното опкружување, да научат како да допрат до нас, како да комуницираат – истакнаа учениците, кои заеднички дејствуваат преку платформата #Нет без хејт.

Реклама

Според нив, младите најлесно се отвораат пред врсници, а целта е побезбедна дигитална средина.

– Поголемиот дел од времето го поминуваме на интернет, таму учиме, комуницираме и се дружиме, но таму се случуваат и многу навреди, исмевања, споделувања содржини без дозвола. Најчесто ваквите ситуации не стигнуваат до возрасните зашто младите не знаат кому да му се обратат и можеби се плашат да пријават. Затоа ќе краеираме профил „Нет без хејт“, направен од млади за млади и на него ќе објавуваме практични совети за безбедно користење на интернетот – како да се пријави онлајн-насилство и насочување на младите кон професионална помош, кон соодветни институции и служби. Нашата цел е да не се плашиме од интернетот, туку да го направиме посигурно место за сите нас, и за децата и за родителите. Поради тоа што нашите родители не растеле во овој свет, тие генерално не се запознаени со ситуацијата. Таргет-група ќе ни бидат тие – да се запознаат со почетоците на интернет-насилството, сајбер-булингот. Ќе почнеме и онлајн-кампања на социјалните мрежи, ќе организираме и интерактивни средби за родителите, на кои ќе може да прашуваат и да се едуцираат за да не им бранат на децата да користат интернет, да не се плашат, туку како правилно да постапат во одредени ситуации и како да го препознаат сајбер-насилството од почеток – нагласија учениците.

Меѓу иницијативите е и да има деца правобранители во училиштата, кои ќе бидат активни и сигурни застапници на правата на своите врсници, вистинска поддршка за секој што ќе сака или ќе смета дека треба да пријави насилство, вклучувајќи и онлајн-булинг. Ќе се креираат и видеосодржини, пет епизоди по 20-30 минути, како и поткасти, во кои ќе се зборува за спречување на онлајн-омразата. Отворена ќе биде и платформа – вид безбеден простор, каде што младите ќе може да споделат што им се случува, без страв. Притоа секој ќе може да постави прашање и да опише ситуации, а тим од млади до 18 години, обучени, ќе ги читаат пораките и соодветно ќе одговарат и ќе даваат соодветна поддршка. Ако станува збор за посериозна ситуација, ќе се овозможи поврзување со стручно лице.

– Сите мислиме дека сајбер-насилството е лесна, едноставна тема, но не е така. Дури и упатените во ова имаат уште многу што да научат. Сè почна лани кога првпат научивме што е онлајн-насилство. Гледавме како една мала ситуација може да прерасне во голем проблем. Овој процес ни покажа нешто важно – дека младите најдобро ги разбираат младите. Сакаме да ја подигнеме свеста за онлајн-насилството и тоа ќе го постигнеме преку нашите иницијативи – децидни се од #Нет без хејт.

Иницијативите треба да бидат финализирани до крајот на годинава, а министрите Јаневска и Андоновски искажаа силна поддршка.