Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Ненад Савески е избран за нов државен јавен обвинител

Со 66 гласа „за“ Ненад Савески стана нов државен обвинител.  Двајца пратеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 66 гласа „за“ Ненад Савески стана нов државен обвинител.  Двајца пратеници не го поддржаа предлогот на владата, а 8 беа „воздржани“, од вкупно 101 присутен пратеник.  Со оваа одлука, Савески ја презема функцијата прв човек на јавното обвинителство, во период кога правосудниот систем е под силен јавен притисок, со очекувања за поголема ефикасност и независност во постапувањето.

Предлогот за прв човек на обвинителството го образложи вицепремиерот Александар Николоски кој потенцираше дека Савески е човек со долгогодишна кариера во правосудството, како обвинител и судија, па ќе може да придонесе за промена на состојбите и подобрување на довербата од 2 проценти.

  • „Еден човек не може сам. Потребен е тим и координација за да се испорача правда на сите нивоа“, изјави тој, повикувајќи на поддршка за кандидатурата.

Власта бара тој да го ослободи обвинителството од политички притисоци, додека пак СДСМ обвинува Савески е продолжена рака на владејачката политика.  

Реклама
  • „СДСМ јасно порачува дека Савески е партиски обвинител на ВМРО-ДПМНЕ. Во мандатот влегува без поддршка на опозицијата. Секое сомнително постапување ќе се смета за директно исполнувње на долгот кон партијата која го избрала“, рече Тренчевска

Иако критикуваа СДСМ останаа воздржани од гласање, исто како и Европскиот фронт на ДУИ, од каде очекуваат Савески да ја исправи неправдата која обвинителството им ја нанело на етничките Албанци.

  • „Обвинителството често било инструмент на селективна правда. Не го велам тоа од политички причини, туку поради реалноста и довербата кај граѓаните“, изјави Реџепи.

Според владејчкото мнозинство, граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не декларативни заложби, а довербата може да се врати само преку доследно почитување на законите и еднаков третман за сите.

  • „Ова не е расправа за биографија, процедура и број на гласови. Ова е расправа за довербата во обвинителството како една од главните институции за владеењето на правото. Ова е можеби последната шанса системот да излезе од кризата во која се наоѓа со години. Ова треба да биде почеток на обнова, а не продолжување на старите практики“, порача Јаулевски.

Савески, кој моментно е судија во скопскиот Кривичен суд, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.

Свечената заклетва на новиот јавен обвиител пред законодавниот дом е закажана за утре во 10 часот и 30 минути.