Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Нема веќе „Клати врата земај плата“ – Нови закони за крај на партиски вработувања во администрација

Нема повеќе да има чекање на шалтери и „клати врата земај плата’…

Сподели:

Нема повеќе да има чекање на шалтери и „клати врата земај плата’ во државната администрација. Атрактивните државни столчиња за коишто сите фаќаа партиски и лични врски, нема да бидат повеќе толку посакувани. Државните службеници со новиот реформки пакет од закони, ако не се стручни и компетентни ќе се соочат со јавни опомени, кратење на платите до 30 проценти и назадување. Освен ова, никој нема да може да се вработи ако не ја помине новата Академија за државни службеници којашто ќе стартува од 1 јануари 2027. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев вели дека заврши времето на партиско вработување и нефункционални административци. Со законските решенија, коишто поминаа во Собранието, се очекува конечно да се стави ред на хаосот, а граѓаните да добијат квалитетна услуга, подвлекува министерот.

Од вработените во администрацијата ќе зависи дали ќе бидат избркани од работа или ќе напредуваат во работата. Министерот Минчев не знае уште колку административци седат дома и земаат плата, но уверува дека бројкаата годинава е намалена. Изгласан е и законот за инспекциски надзор, а истовремено се подготвуваат уште три нови закони. Закон за висока раководна служба, за организација и работа на државната управа и за воспоставување на систем за плати во јавниот сектор. Сето ова за министерот, значи дека администрацијата конечно ќе се корегира и ќе стане функционална и услужлива.

Години наназад ниту една влада не го реши проблемот со партиското вработување и мрзливите службеници што седат под државна капа. Освен со казни и бркање од работа за оние што не се функционални, новите закони носат и награди како и заслуги за тие што се работливи и се трудат.