Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Нема силна ЕУ без Западен Балкан: Македонија една од најдобрите во реформите, бугарските услови да не бидат повеќе проблем

Македонија активно работи на откочување на евроинтеграциите, а Македониј е меѓу најдобрите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија активно работи на откочување на евроинтеграциите, а Македониј е меѓу најдобрите во спроведувањето на реформите, за што добивме потврда и од еврокомесарката Кос. Европската Унија мора да не оценува по мерит систем, а  билатерланите прашања да престанат да бидат проблем за напредокот, бидејќи ако остане така, такви чекори во иднина ќе преземаат и други држави, порача шефот на македонската дипломатија, Муцунски.

-Нашата посветеност кон евроинтеграцијата треба да престане да се мери по капациетот на отстапките на било која Влада во оваа држава по однос на национални прашања, ако некој така сака да ја мери нашата посветеност европската интеграција, тогаш тој не разбира што е евроинтеграција. Европската интеграција е владеење на право, европската интеграција е борба против корупција и тука како што кажа и самата комесарка Кос сме една од најдобрите, веројатно и најдобрата, изјави Муцунски.

Полноправно членство во Европската Унија е еден од главните приоритети на Црна Гора. Нивниот министер за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ кој денеска во Скопје оствари средба со македонскиот колега, вели дека не може да има силна ЕУ, без земјите од Западен Балкан.

Реклама

-Секој ден изгубен на патот кон Брисел е загуба пред се на оние држави кои сакаат да се интегрираат во ЕУ, но губи и Европската Унија и ќе бидам слободен да кажам губи и светот. Денешните геополитички случувања не предупредуваат не само нас на Западниот Балкан, туку и сите дека на светот му е потребна силна, црвста и обединета Европска Унија. Јас можам слободно да кажам дека не можеме да говориме за успешна европска приказна доколку во неа не се државите од Западен Балкан, изјави Ибрахимовиќ.

На својот европски пат Македонија ги има бугарските услови. Муцунски вели дека се во секојдневна комуникација со официјална Софија, но за жал нема позитивни повратни сигнали. Покрај за политичкиот дел Македонија бара разговори и за реализација на Коридорот осум, но ниту на тое поле официјална Софија не е расположена за напредок.

-Веќе подолг период работиме за жал без позитивен фидбек од страна на Бугарија за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт Николоски и министерката за финансии Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел разјаснување на состојбите и иднината на Коридорот осум, бидејќи тоа е за нас стратешки значаен проект, кој што сакаме да се движи напред, изјави Муцунски.

По поднесените амандмани за нацрт извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Томас Вајц, Муцунски вели дека се очекува позитивен одговор од Брисел, бидејќи Парламентот традиционално е поддржувач на процесот на проширување. Според министерот очекувањата и желбите се да бидат прифатени оние амандмани кои соодетствуваат со политичката и правна реалност.

Матеја Петровски