Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Нема одлука за затворање на О.У. „Гоце Делчев“ во Штип – локалната власт бара долгорочно решение

Анализите што се спроведуваат врз основа на Стратегијата за развој на воспитно-образовниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анализите што се спроведуваат врз основа на Стратегијата за развој на воспитно-образовниот систем во Штип ќе бидат завршени до крајот на учебната година. По нивното комплетирање ќе се донесе и конечната одлука за идната организација на основното образование во градот, најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во опција се две решенија – фузија на одредени образовни институции со други училишта или намалување на бројот на паралелки во сите училишта, што би значело и намалување на бројот на наставници. Јорданов појасни дека во моментот не постои одлука од Општина Штип и Советот на општината за затворање на основното училиште „Гоце Делчев“.

„Факт е дека во Штип досега имаме вештачки паралелки кои се со несоодветен број на ученици и под законскиот минимум. Стратегијата за оптимизација на ресурсите предвидува формулата за пресметка на блок-дотациите кои Општина Штип ги добива од МОН да се пресметува платата и блок-дотацијата по број на ученици, а не по број на паралелки“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Реклама

Друг проблем со кој се соочува ова штипско училиште е и сегрегацијата, за која веќе и Судот за човекови права во Стразбург има донесено пресуда. Според Јорданов, овој проблем мора системски да се реши и да не се дозволат етнички хомогени паралелки.

„Не смее да се дозволи во еден клас или училиште да имаме чиста ромска или чиста македонска паралелка. Такви услови во ООУ „Гоце Делчев“, за жал, нема. Низ минатото сме пробале низа мерки, но за жал без плод“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов истакна дека веќе се остварени средби со наставниот кадар во училиштето, а најави и средба со Советот на родители, со цел сите засегнати страни да бидат вклучени во процесот.