Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Нелоски: СДСМ да ги изнесе информациите во потврдна форма за да поднесам тужба за клевета

СДСМ да не поставува прашања, туку да ги изнесе информациите во потврдна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ да не поставува прашања, туку да ги изнесе информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи, порача Владимир Нелоски преку својот фејсбук-профил.

Обвинувањата што ги изнесува СДСМ, Нелоски ги квалификува како тирада на нечесни и валкани прес-конференции, кои изобилуваат со невистини креирани информации и полуинформации.

– Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес-конференции на СДСМ, партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираноста во просторот на раководството на СДСМ и Венко Филипче и од тој пусти страв од одговорност, која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од споменатата приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари – наведува Нелоски. 

Реклама

Според него, како и секој човек, и татко му има право да работи, а со трговија почнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија.

– Мојот татко цел живот работи чесно во приватниот сектор. Колегите од СДСМ треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата. Така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции. И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката, нека не поставуваат прашања од СДС, туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи – пишува Нелоски.