Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Нелиценцирани водичи ја ризикуваат безбедноста на туристите – планинските спасувачи бараат итни системски решенија

Нелиценцирани планинарски водичи и натаму водат туристички групи по македонските планини, иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нелиценцирани планинарски водичи и натаму водат туристички групи по македонските планини, иако не се соодветно обучени за справување со ризици и спасувачки ситуации. Дел од нив, предупредуваат експертите, водат и авантуристички тури без елементарни планови за управување со ризик, што директно ја загрозува безбедноста на туристите. Во авантуристичкиот туризам ризикот е секогаш присутен, па затоа безбедноста мора да биде на прво место, велат од спасувачките служби. Посочуваат дека водичите мора да бидат професионално едуцирани и обучени да реагираат во опасни ситуации, но во пракса и понатаму туристи се водат од лица кои немаат соодветни квалификации.

 Сеуште водичи кои што се лиценцирани за непрофесионални тури, односно за водење на волонтерски тури во рамки на планинарски клубови, водат туристи, цели групи туристи за кои што апсолутноне се соодветно едуцирани. Многу даватели на услуги и сведоци сме дека немаат елементарни плани за управење со ризици. Планот за управење со ризици е тој кој што треба да јанамали опасностаоднесреќи. Сето ова се системски прашања кои што треба да бидат решавани системски, а не адхок.”вели Антонио Додевски,планинарска спасителска служба.

Иако македонските спасувачи технички не заостануваат зад колегите од регионот и работат по меѓународни стандарди, кај нас планинското спасување сè уште не е системски регулирано, а службите функционираат главно на волонтерска основа и со минимална финансиска помош. Охридската служба во моментов покрива пет општини. Охрид е единствената општина која обезбедува само мал дел од средствата потребни за функционирање. Во државата постојат 12 организации со повеќе од 250 волонтери подготвени за интервенции, но многу од нив немаат ниту елементарна опрема за работа.

Реклама

 Бројот на несреќи апсолутно ќе расте,ова наговестува дека тоа што сега го имаат Словенија и Хрватска со преку 700-800 интервенции годишно дека не очекува и нас. Не знам што треба да се случи за да се свестиме и да конечно седнеме и системски да ги решаваме работите. Многу е жалосно особено што веќе ние почнуваме да гледаме демотивација кај нашите волонтери .- вели Додевски.

Само во охридскиот регион зимава имало десетици интервенции, меѓу кои и неколку сериозни спасувања, а македонските тимови биле вклучени и во акцијата за спасување словенечка скијачка на Шар Планина.