Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Тајно ја засадиле, вредно се грижеле за неа, но кога им порасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тајно ја засадиле, вредно се грижеле за неа, но кога им порасна им падна во рацете на полицијата. Обидот за нелегален бизнис со плантажа за марихуана на двајца струмичини им пропадна. Полицијата им го заплени родот од 680 килограми и ги уапси. Скриената парцела кај селото Секирарник, била засаседна во мај годинава. Полицијата подолго време следела што се случува.

–Да  им се заблагодарам на полициските службеници кои што неколку денови спијеа на нива за да на крајот дојдеме до еден  ваков  резултат кој што на крајот ќе не доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Станува збор на доста поголема количина на марихуана која што била одгледувана на плантажа во Струмица–истакна министерот Панче Тошковски

Двајцата осомничени  веднаш биле однесени во суд, каде признале дека обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле земјата и направиле нелегална плантажа. 

Реклама

–Во овој случај имаме една доста успешна акција  која што на оперативно ниво е спроведена од секторот за внатрешни работи на Струмица. Дрогата е детектирана, обезбедена. Луѓето кои што биле директно вклучени  во рамки на процесот на производтсво и пуштање во промет на истат се обезбедени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата.Полицијата во моментот кога ги добила информациите постапила со она што е нејзин надлежност–истакна министерот Панче Тошковски

Понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности околу плантажата, како и степенот на вклученост на двајцата осомничени во производството на канабис.

Министерот Тошковски порачува дека надлежните будно ги следат состојбите и дека полицијата продолжува со засилена борба против произвидството и трговијата на наркотици.