Реклама

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Македонија

Неколку стотици пати се намалени регистрираните прекршоци од денот на пробното пуштање, споредено со првиот официјален ден – 1-ви февруари

Над 200 пати помалку казни регистрираше првиот ден по ставањето во функција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 200 пати помалку казни регистрираше првиот ден по ставањето во функција во споредба со првиот ден од пробниот период. Ако на први декември беа регистрирани 110 илјади прекршоци, два месеци подоцна системот „фати“ околу 500 прекршоци.

Од друга страна, речиси 16 илјади казни напишала полицијата во Македонија само во јануари, од кои една петтина се однесуваат за пребрзо возење. 4.233 казни имало за неправилно паркирање, 1.611 биле фатени без возачка дозвола, а 474 возачи пиеле алхокол па седнале зад волан.

  • Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 74 лица, од кои 67 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, еден возач поради возење во забранет правец, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, четири за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место“ стои во извештајот на МВР.

Полицијата ги казнува и моторџиие и пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 184 граѓани платиле казна како пешаци кои не се придржуваат до прописите, 16 возачи на мотоцикли немале заштитен шлем, а казнет бил и еден возач на електричен тротинет. 1.093 учесници не носеле појас.

Реклама

Овие казни, надлежните очекуваат да се намалат неколку кратко откако системот „Безбеден град“ ќе се имплементира на територија на цела Македонија. За министерот Тошковски системот имал успешен старт.

  • „Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4“, потенцираше министерот Тошковски.

Безбедносниот систем што  стартуваше со примена во Скопје, Тетово и Куманово, како и коридорите 8 и 10 и регистрира брзина, црвено светло, нерегистрирано возило и недозволено запирање . Камерите мерат брзина на голема далечина, следат повеќе ленти и возила истовремено, читаат таблички и ноќе и во лоши услови. Казната ја добивата електронски, а може да ја платите преполовена во рок од 8 дена.