Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Некогаш моќникот Палчо, денес осомничен свиреп убиец- чија креација е Љупчо Палевски?

Чија креација е некогаш моќниот, денес осомничен свиреп убиец Љупчо Палевски? Според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чија креација е некогаш моќниот, денес осомничен свиреп убиец Љупчо Палевски? Според премиерот Димитар Ковачевски тој можел да биде поврзуван со секого, само не со него и неговата партија. Сепак доколку ја видиме политичката кариера и растот на Палевски, се започнува токму од СДСМ, каде во времето на Бранко Црвенковски пред 20 години, беше шеф на скопскиот огранок.

Во периодот кога беше меѓу главните кај социјалдемократите Палчо го натрупува и својот капитал и влегува во градежниот бизнис и тоа на и повеќе од атрактивни локации во центарот на Скопје. Дел од зградите кои ги гради се дивоградби, меѓу кои и познатата Тифани.

-Видете јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа едно ќе ви кажам, кој на мене ми праеше гиљотина минатата година во јули пред Собрание, кој на мене ми правеше јавно судење на мене тука пред Влада, кој организираше фрлање на молотови коктели врз Министерството за надворешни работи. Ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие кои што цела година тоа го организираа, изјави Ковачевски.

Реклама

Палевски и по излегувањето од СДСМ останува и повеќе од контроверзен. Пред речиси половина година во близина на Демир Капија беше фатен со пиштол за кој немал дозвола. Како што објавија дел од медиумите пред четири години Палчо пред четири години со тупаници ја претепал својата ќерка. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велад дека ова двојно убиство е плод на неказнивоста кон Палевски, поддржана од власта.

-МВР, Спасовски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот пред 7 месеци кој ја потврдува неказнивоста на Палевски. Имено Палевски и неговата група во месец мај 2023 била фатена со нелегално оружје додека копале злато, за сега Палевски и истите неговите соработници да бидат поврзани со едно од најгрозоморните убиства во Македонија. Ете тоа е резултатот на неказнивоста и нефункционалноста на институциите раководени од Ковачевски, Спасовски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Името на Палевски се поврзува и со т.н. бомби на Зоран Заев. Како што кажа поранешниот министер за внатрешни и доскорашен коалицонен партнер во власта Павле Трајанов, прислушуваните разговри ги имале Палчо, синот на Верушевски, група околу Артан Груби, а ги користеле за уцени меѓу себе, но и на директори и новинари.

Матеја Петровски