Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Недостасуваат се повеќе лекови за болните со мултипла склероза

Неизвесноста додека ги чекаме лековите е ужас без крај – пациентите со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неизвесноста додека ги чекаме лековите е ужас без крај – пациентите со мултипла склероза во постојана битка за лекови. Ако до пред еден месец, дефицитирен беше само еден лек, сега недостигаат неколку, без кои пациентите со оваа дијагноза се ставени во ризик да им се влоши состојбата. Од Клиниката за неврологија не добивме одговор кога ќе пристигнат неопходните медикаменти за третман на болните со милтипла склероза. А тие, не бараат ништо повеќе, освен редовно да бидат снабдени со лекови од поновите генерации, кои обезбедуваат колку толку квалитетен живот.

Самите пациенти алармираат,кај нас дека им недостасуваат терапии.И не можат да си ги подигнат по редовниот тек и да си ја примаат редовно терапијата.Пациентите се револтирани и разочарани од таа негрижа за нивното здравје вели Ана Карајнова Димитрушева, претседател на Националното здружение за МС.

Пациентите со МС стравуваат дека состојбата драстично ќе им се влоши ако не ги добијат потребните терапии. Додека здравствените власти си играат топло ладно и не може да ги комплетира тендерите за набавка на лековите.

Реклама

Ние пак, сме загрижени дека нередовното примање на терапијата може да доведе до активирање на самата болест каде што може да се влоши генералната здравствена состојбаизјави таа.

Статистиката покажува дека од повеќе од 1000 луѓе регистрирани со мултипла склероза на Неврологија, терапија земаат само половина од нив. Останатите болеста веќе ги врзала за кревет и не им помага никаква терапија.