Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Не запираат меѓусебните напади меѓу Израел и Иран

Сирени за воздушен напад и ноќта одекнаа низ Израел. Иранските медиуми тврдат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сирени за воздушен напад и ноќта одекнаа низ Израел. Иранските медиуми тврдат дека нивните воени сили лансирале повеќе ракети. Тел Авив објави дека нема безбедно место на Блискиот Исток. – „Нема повеќе безбедни засолништа на Блискиот Исток. Ова не е мисија, ова е реалност. Она што сега важи за лидерите на Хамас во Газа, она што важи за лидерите на Хезболах во Бејрут – ова сега важи и за високите функционери на иранскиот режим“, изјави портпарол на израелската војска.

Ирански воен лидер вети дека Израел наскоро ќе биде сведок на повеќе напади, и им порача на жителите на Тел Авив и Јафа да се евакуираат. – „Операциите спроведени досега беа само предупредување и одвраќање. Наскоро ќе биде спроведена казнена операција. Немојте да бидете жртви на животинските желби на Нетанјаху“, изјави генерал Абдул Рахим Мусави, началник на Здружениот штаб на вооружените сили на Иран.

Еден од најголемите воени бродови во светот, американскиот носач на авиони „Нимиц“, го смени курсот и се упати кон Блискиот Исток. Претходно, Лондон испрати борбени авиони и друга воена опрема како поддршка на сојузниците при евентуални операции.