Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

🎥 Не за зголемување на минималецот од ракав: Бизнисот го чекаат тешки денови, па играњето со бројки е несериозно

Минималната плата да не се користи за гол популизам. Бизнисот е во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималната плата да не се користи за гол популизам. Бизнисот е во грч поради влошување на меѓународните трговски односи и покачувањето на царините од страна на САД, па редовното зголемување на минималецот е подносливо за бизнисот – велат од Организацијата на работодавачи. Според нив, за да се оствари барањето на синдикатите за покачување на минималецот, но и останатите плати во земјава за 6.000 денари, мора да има поголема продуктивност од сегашната. Во спротивно се работело само за вештачко и паушално зголемување на примањата, што создава незадоволство кај вредните работници.

„Она што ние треба да се договориме е дека ќе си ги почитуваме законските одредби и дека колку што ние како работодавачи сакаме да си го наградиме нашиот вреден работник, толку и синдикатот треба да не поддржи кога зборуваме дека има работници кои не ја остваруваат својата активност за која потпишале договор з аработа“ – вели Владанка Трајкоска, Организација на работодавачи.

Според Организацијата на работодавачи, аргументите за пораст на минималната плата на синдикатите не биле издржани. Македонија влегува во рамките на европските препораки за минималец од најмалку 50% од просечната плата. Работодавачите велат дека освен потребите на работниците, треба да се земат в превид и економските фактори. Дискутална била пресметката на минимална синдикална кошничка, а несериозни биле аргументите дека просечно македонско семејство не може да летува ниту во Дојран, бидејќи, според работодавачите тоа не е репер за нечија куповна моќ. Сметаат и дека не треба да се споредуваат само нето минималните плати, бидејќи некои земји имаат повисоки придонеси и се на различно ниво на развој. Исто така, велат дека можеби треба да се размислува да се договорат различни нивоа на минимални плати во различни сектори.

Реклама

„Многу често синдикатот користи споредби со соседните земји со нето минималната плата. На пример, како репер, односот бруто во однос на нето плата во Црна Гора е 1,18%, а додека во Македонија е 1,48%, што значи дека ние имаме многу поголема бруто плата отколку Црна Гора, што значи дека плаќаме многу повисоки придонеси. При споредбата со други држави треба да го имаме в предвид и БДП“ – вели Трајкоска.

Сојузот на синдикатите на Македонија не се откажува од зголемување на минималната плата. Тие овој месец поднесоа барање до пратениците во македонското собрание да изгласаат минималец од 500 евра, почнувајќи од августовската плата. Претседателот на ССМ посочи дека е неправедно во земјава да има најниско платени работници, а највисоко платени функционери споредено  со земјите во регионот и ЕУ. Пресметале дека на едно семејство му недостасуваат 150 евра за најосновните потреби. Околу 35.000 работници во земјава во моментов земаат минимална плата од 24.400 денари.