Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Не стивнуваат реакциите по владината „првомајска честитка“ која дозволува отпуштање реботници

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата од владата која пристигна преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата од владата која пристигна преку министерката за финансии дека фирмите кои ќе користат државна помош во услови на криза, сега ќе можат и да отпуштаат работници. Работниците гневни – велат наместо Владата да ги заштити, таа ги остави на цедило. Дека десетици илјади работници ќе останат на улица реагираа и Синдикатите. Министерката денеска се правда – вели Владата не стимулирала отпуштања, туку сакала да им излезе во пресрет на газдите на оние фирми каде или дел од работниците доброволно си заминале или имале сезонски работници на кои работниот ангажман им завршил. Сепак, признава, отпуштање на работници имало и ќе има.

„Доколку тие веќе имаат намален број на работници за месец март тие нема да може да аплицираат за мерката. Затоа бараме начин да ги вратат работниците. И оваа промена сметам дека е единствено во интерес на работниците, затоа што се грижиме да ги заштитиме нивните права“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

По негативните реакции, во одбрана на владината уредба се вклучи и владиниот економски советник Битиќи кој тврди дека таа не поттикнува отпуштање на работници. Тој вели дека помошта се дава со цел да се инвестира во човечки ресурси за да можат компаниите погодени од кризата да ги платат своите вработени.

Реклама

„Исправаме една грешка од претходната уредба што оставеше простор да одредени компании не се поддржат само затоа што законски може да останат без одредени работни места, т.е. ако луѓето сами доброволно одлучат да си отидат од компанијата“, вели Битиќи.

Степенот на отпуштање кој е предвиден со новата владина уредба ќе зависи од големината на компаниите. За микро и мали фирми до 50 вработени газдите ќе смеат да го намалат персоналот за 15 отсто, кај средните до 250 вработени до 10 отсто, а големите компании ќе може да отпуштат до 5 отсто од вработените.
Инаку, првично Владата ги услови компаниите кои ќе аплицираат за мерките да ги задржат сите вработени до крајот на месец септември, за подоцна да се предомисли и овој рок да го скрати до крајот на јули. Сега, компаниите не се обврзани да ги задржат вработените и покрај тоа што ќе ги користат мерките.

Биљана Божиновска